За нас

Историја на IThink

  • IThink академијата е дел од Qinshif Academy (поранешен Сеавус едукативен и развоен центар)од 2016 година, и претставува прв центар во Македонија за обука и едукација на деца и CPD акредитирана академија за програмирање, дизајн, компјутерски мрежи, роботика и веб дизајн.
  • Низ модули од сите најзначајни области во ИТ, го градиме нивниот интерес кон се она што ќе ги насочи во понатамошното школување и избор на кариера.
  • Во 2017 година, тим од нашите најмлади студенти освои награда на  Codefest хакатонот.
  •  Досега iThink академијата ја посетувале над 500 деца кои ја стекнале основата за своите идни кариери.

Зошто постоиме?

  • Тука сме за да го овозможиме најдоброто образование преку едукативна програма која ги следи светските трендови.
  • Нашиот фокус се најмладите, па се обидуваме да им го олесниме патот кон иднината. Преку следење на настава од сите ИТ области, го градиме нивниот веќе постоечки интерес кон виртуелната сфера.
  • Создаваме мислители, логичари и креативни млади луѓе, секако со цел да ја олесниме желбата на секој родител да инвестира во иднината на своето дете.

Што нé издвојува од останатите

  • Се грижиме за најмладите
  • Креативно влијаеме на развојот на децата
  • Имаме искусен менторски тим посветен на својата работа
  • Работиме со меѓународно сертифицарани обуки и академии
  • Нашите едукативни програми секоја година се адаптираат на најновите ИТ трендови
  • Интернационална акредитација CPD (https://cpduk.co.uk/)

Мисија

  • Да создаваме КРЕАТОРИ
  • Да поттикнуваме на РАЗМИСЛУВАЊЕ и РЕШАВАЊЕ ПРЕДИЗВИЦИ
  • Да наметнеме учење низ ИСТРАЖУВАЊЕ
  • Да покажеме како да СОЗДАВААТ
  • Да покажеме како ПРАКТИЧНО да се користи технологијата во секојдневниот живот

Визија

  • Да поттикеме АНАЛИТИЧКО размислување кај децата
  • Да стимулираме РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ и ПРЕДИЗВИЦИ
  • Да покажеме дека учењето со технологија е ЗАБАВНО
  • Да ги воведеме децата во информациската технологија како НАЧИН НА ЖИВОТ
  • Да развиваме идеи низ ИГРИ и ЗАБАВА
  • Да ја развиеме свеста дека ИТ е дел од ИДНИНАТА на децата
  • Да поттикнеме ТИМСКА работа и ја зголемиме САМОДОВЕРБАТА на најбитните членови на човековата заедница