Високо ниво (Upper level)

Опис

Upper нивото е насочено кон креирање игри со најсофистицираните софтвери за таа цел,  Unity и Maya.  Се работи за учење на основни концепти на гејм дизајнот. Академијата ги обработува најважните концепти, преку поставување на проект, рабтотење со сцени на Unity, употреба на техники и елементи, основи на анимација во Unity, создавање и имплементирање на механики на играта и  се што го сочинува гејм дизајнот.

Autodesk Maya ќе ве воведе во индустриските стандарди на 3-димензионалното моделирање и анимација. Maya e комплетно 3-димензионално решение за визуелни ефекти, креирање на високо квалитетни содржини за филм и телевизија, игри и комерцијални спотови, како и моќни алатки за визуелизација.

За време на академијата, секој ученик има задача да креира и развива своја игра, која воедно се смета и како завршен проект.

Желбата за игри е присутна кај секој од нас, па целта е да развиеме логика за понатамошно усовршување на омиленото хоби.

Теми

  • Што е игра?
  • Вовед во сите елементи на играта
  • Изработка на документ за дизајн на игра (GDD)
  • Објаснување на процесот на создавање на играта
  • Генерирање на идеја за игра која ќе се спроведува во текот на целата година
  • Вовед во Autodesk Maya
  • Основи на 3D моделирање
  • Вовед во Unity
  • Поставување на проектот
  • Истражување на сцените на играта
  • Поврзаноста помеѓу Unity и Maya
  • Употреба на готови елементи
  • Основи на Unity Animation
  • Техники за осветлување на сцена
  • Создавање механика
  • Финализирање и пакување на играта

Целна публика

Секој со основни познавања од основна математички опреации, основни компјутерски вештини (Windows). Предзнаење во областа на програмирање НЕ е предуслов.

Краен продукт

Секој ученик имплементира свој дизајн на игра со флипер.

Тек на настава

почетен датум:
02.10.2023
краен датум:
10.06.2024
прв семестар:
02.10.2023 – 31.12.2023
втор семестар:
22.01.2024 – 10.06.2024
зимски распуст:
01 – 21.01.2024
2 пати неделно, 2 часа:
19:45-21.10
број на часови:
120
Цена до 30 јуни:
€600
Цена до 30 септември:
€670

Цена

до 30 јуни

600
  • Цена за плаќање во готово €565
  • Дополнителен фамилијарен попуст

до 30 септември

670
  • Цена за плаќање во готово €635
  • Дополнителен фамилијарен попуст