Што изучуваат децата во основното (Basic) ниво и што понатаму?
Во основното (Basic) нивото, децата ги изучуваат основите на моментално најбараните професии во IT индустријата: дигитален – компјутерски дизајн, web дизајн, програмирање и роботика. По успешното завршувње на нивото, децата имаат доволно познавања и можат да ги продлабочуваат своите знаења во областа што најмногу ги заинтересирала. Целокупниот материјал што сме го работеле во текот на наставата им стои на располагање, а и јас како тренер останувам во контакт со нив за одредени консултации во иднина.
Што те мотивира во работата со деца и дали се радуваш на напредокот на најмалите ученици?
Кога се работи за деца мотивот доаѓа природно сам од себе. Пренесување на знаење на децата што сакаат да научат ме исполнува и ме радува. Особено ми е драго дека може да се забележи напредокот секој нареден час.
Колку долго си тренер на оваа академија и кој ти е најголемиот предизвик што сакаш да го отствариш?
Ова ми е прва година како тренер на академијата. Оваа година во Охрид првпат започнаа часови со физичко присуство, па се надавам дека така ќе продолжиме и во иднина. Главниот предизвик што сакам да го постигнам кај децата е да го зголемам интересот за IT технологиите. Би сакал да ги научам како практично да го применуваат наученото и посебно внимание посеветувам на тимската работа.
Што значи да си тренер на дечиња од таа возраст и дали и колку е голема одговорноста да се работи со нив?
Одговорноста секако е голема, бидејќи академијата ја почнуваат и деца што до тогаш немале никакви предзнаeња за областите што се изучуваат во основното ниво. Пристапот мора да биде интересен, Се што учат е преку квизови или игри, на начин кој нема да им претставува тежина, туку ќе им биде интересен и забавен.
Какви проекти имаат дечата во текот на годината?
Основното (Basic) нивото е поделено на пет модули. Во првиот модул се изучуваат основните поими од IT технологијата. Како функционира компјутер, како се делат компјутерските системи, како се вмрежуваат и какви видови компјутерски мрежи постојат, а секако и интернетот како најголема светска компјутерска мрежа.
Во вториот се започнува со изучување на графички дизајн. Децата работат во една од најпознатите програми Adobe Photoshop. Откако ќе се запознаат со основните алатки што ги нуди Photoshop се преминува на ниво каде се запознаваат со поимот типографија и обработка на текст, обработка и ретуширање на фотографии и се завршува со конкретна изработка на дизајн.
Во третиот модул се изучуваат дескриптивните јазици HTML (кој се користи за изработка на содржините на една веб страна), CSS кој се користи за дизајнирање на веб страниците и Java Script, програмскиот јазик за додавање на дополнителни функции на веб страната. Иако се изучуваат само на основно ниво по завршување на овај модул децата можат да направат едноставна веб страница.
Во четвртиот модул се започнува со изучување на основните програмерски концепти и методологии преку програмата Scratch, во која кодирањето оди со визуелни блокови. На овај начин децата многу поедноставно можат да го сфатат концептот на програмирање. Тоа е добра основа за понатамошно изучување на останатите програмски јазици, каде се користи стандардното програмирање со пишување на код.
Во петтиот модул се децата се запознаваат со основите на роботика (што претставува робот, основни поими од механика и електроника, серво мотори и сензори), по што се продолжува со практична работа со роботчиња кои се викаат Dash. Децата на најразлични начини го програмираат преку игри и зададени задачи.
Што би им порачале на идните генерации?
Ithink академијата би ја препорачал бидејќи нуди најдобро образование со искусен тим на ментори кои се посветени на својата работа. Програмата ја адаптираме според најновите ИТ трендови, ги учиме како да истражуваат и наученото практично да ги применат. Се обидуваме на децата да им дадеме полесна иднина.