Дина и Дора Ристовски – IThink Basic

Дина и Дора Ристовски – IThink Basic

1.Претстави се себеси и нивото кое го следиш?            

Здраво, ние сме Дора и Дина Ристовски и ние го следиме првото ниво, по правило Basic нивото.

2.Кој модул ти беше најинтересен и зошто?

Најинтересни модули до сега ми беа photoshop и роботика, роботика зошто дознаваме повеќе за роботите и како да ги контролираме, а photoshop зошто стануваме покреативни и досега правевме дизајни на билборди, перници, чаши и останати работи.

3. Дали тренерите ги прават часовите забавни и интересни?

Тренерите ни ги прават часовите многу интересни преку квизови, тимска работа и предизвици.

4. Дали досегашните проекти беа забавни и што научи од нив?

Досегашните проекти беа многу забавни, се стекнавме со знаење и научивме за тимската работа. Правевме игра на Scratch, поделени во тимови, правев сопствена веб страница за себе, работи кои мене ми се допаѓаат и научивме преку тимската работа како да ја подобриме комуникацијата.

5. Дали ова што го работиш во иднина те мотивира да работиш во ИТ ?

Она што го учиме како програмирање, дизајн и видео игри,многу ме мотивира да работам со компјутери. Мојата желба е да бидам програмер, и се гледам во иднина во ИТ.

6.Испрати порака до твоите другарчиња

Многу е забавно, иако сите сме различни на свој начин, сите ние сме деца и нашата желба е и догодина да бидеме дел од Ithink академијата.