Леонид Костовски – Успешна приказна

Леонид Костовски – Успешна приказна

Претстави се и кажи ни кои нивоа ги помина од IThink академијата?

Здраво јас сум Леонид Костовски и ги имам поминато основното и напредното ниво на IThink академијата.

Кој модул поконкретно ти беше најинтересен до сега и зошто?

Мене лично најинтересен модул ми беше финализација и публикување на веб страна, бидејќи научивме како се креира една веб страна и како се објавува истата на интернет.

Дали тренерите ги прават часовите интересни и забавни?

Да, секогаш ги прават часовите интересни и забавни, со цел да ја сработиме својата задача и да не осетиме колку време поминало!

Дали досегашните проекти кои што ги работевте беа забавни и што научи најмногу од нив?

Досегашните проекти беа забавни и најмногу научив за групна работа и сложување.

Дали ИТ светот е забавен и дали во иднина се гледаш во него?

Токму така! ИТ светот е забавен и во иднина се гледам секако во него, бидејќи тоа е иднината во напредната технологија!

Испрати порака до твоите другарчиња?

Ги поканувам сите мои другари да ги посетат училниците на IThink академијата, за да научат нешто повеќе за компјутерскиот свет.

Дали ова што го учеше до сега те мотивираше во иднина да работиш со компјутери?

Ова што го научив до сега на оваа академија ме мотивираше и ме научи да работам на подобар, полесен и покорисен начин со компјутерите