Години наназад Васко и Павле се нашиот тандем кога станува збор за Upper нивото на Ithink. За што се изучуваат децата и начинот на функционирање на ова ниво, прочитајте го целосното интервју и дознајте повеќе за Ithink Upper!
Што изучуваат децата во UPPER нивото и колку самостојно можат да го работат тоа што го учат панатака
– Во Upper се изучуваат основите на 3Д моделирање, креирање на гејм дизајн документ, како и креирање на игра користејќи Unity. Знаењето со кое се стекнуваат може да го користат понатаму, имаат и пристап до белешките и потсетниците кои се користат низ годината.
Што значи да се дизајнира една видео игра и дали може со зборови да не доближиш до тоа како треба да изгледа истото.
– Едно многу поедноставено објаснување на еден многу сложен процес.😄 Тоа е процес кој инволвира прилично доста планирање. Почнуваќи од гејм дизајн документ, се одредува жанрот на играта, стилот и изгледот, приказната, механиките и ред други елементи. Во следниот чекор се работи на прототипови за механиките и тест средина, како и нешто што се вика blockout односно креирање на формата на нивоата со по едноставни форми, кои подоцна се заменети со 3Д модели. Се прават основните механики и се додава освелтување и ефекти. Се креира кориснички интерфејс и се додава аудио.
Што ве мотивира за континуирана работа со деца и која мисла ве радува?
– Интересно е да се види како напредуваат, од оние првите моменти кога се гледа дека некои си помислуваат дека се ова е премногу комплицирано, до моменти кога пробуваат се да стават во играта, без да сфатат дека не го ни мислат тоа што им било комплицирано на почеток.. Мотивација наоѓаме во тоа што ако барем мал процент од тие деца се решат за кариера во индустријата на видео игри, ќе бидат поинформирани и ќе имаат предност при нивниот избор, а тоа допринесува со подобри кадри со кои може да се случи и да работиме некој ден во професионална средина. Таа мисла не радува.
Колку долго сте тренери на оваа академија и кој ви е најголемиот предизвик што целите да го отстварите со нивната работа?
– Тренери сме од 2019, а оваа година ја водиме нашата четврта генерација низ ходниците на 3д и гејм дизајн. Најголемиот предизвик е наоѓање на различни пристапи кон објаснување на истиот материјал. Не секое дете е исто, па не секој пристап може еднакво да работи со секое дете. Предност наоѓаме во релативно малите групи каде имаме доволно време да му посветиме на секое дете на кое му треба тоа. Така што, веруваме дека секоја генерација го подобрува патот за следната генерација со тоа што колку што учат од нас децата, толку и ние учиме од нив.
Колку долго е потребно да се изработи една видео игра и колку децата учествуваат во правењето на истата или тоа оди се со ваша помош и подршка?
– Моментално како што е програмата, две третини од академската година ја користиме во изучување на различни сегменти од правењето на една игра. Во последната третина го применуваат тоа знаење и секое дете изработува по едно ниво од игра. Секако, ја имаат нашата помош и подршка, но ние ги охрабруваме да пробуваат што е можно повеќе сами да го изработуваат нивото.
Што жанр на видео игри најмногу сакаат да изработуваат децата?
– Најчесто работат на ист жанр на игра, со тоа што ние го одредуваме жанрот за нив, поради комплексноста на материјата што се изработува и временското ограничување. Оваа година жанрот е прво лице платформер.
Што би им порачале на идните генерации?
– Индустријата за видео игри е комплексна и интересна, а ова е одлична шанса да се запознаете и да видите дали е таа за вас. Многу е големо задоволството да смислиш и изработиш игра и да видиш како други уживаат играјќи го тоа што си го направил, и ние што сме во таа индустрија ја имаме привилегијата да сме дел од тоа.
Креацијата на видео игри е динамичен и забавен процес, а Ithink Upper е нивото од каде вашето дете ќе се запознае со овие вештини. Станете дел од големото Ithink семејство!